ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Општи услови и начини на употреба
Одповикување на нарачката
Клиентот може да ја отповика нарачката во рок од 2 часа откако е поставена. По тоа време, повлекувањето не е повеќе можно. По поставањето на нарачката, клиентот добива формулар про-фактура на e-mail, кој е валиден 3 дена. Доколку клиентот го загуби формуларот за плаќање, истиот може да се испрати повторно од нашата база на податоци.
Одбивање на нарачката
Дигитал Дата има право да ја одбие нарачката која не ги задоволува условите на нарачувањето. Клиентот ќе биде известен за отфрлање на неговата нарачка.
Услови на плаќање врски
Прифатливи методи на плаќање се: плаќање по про-фактура на жиро сметка на ДИГИТАЛ ДАТА и плаќање во готово при примање на нарачката.
Испорака
Во СКОПЈЕ: Испораката на нарачаната роба ја врши ДИГИТАЛ ДАТА, доклку истата надминува вредност од 6000 мкд.Низ РМ: доколку вредноста на нарачаната роба надминува 20,000 мкд, испораката ја врши ДИГИТАЛ ДАТА. Рокот за испорака во Скопје е 1 ден. Потврда за испраќање на набавена роба може да се испрати на клиентот на e-mail адреса, на барање. На посебно барање на клиентот, пратката може да се осигура за таа вредност. Оваа треба да се побара во полето "коментар" при правење на нарачката. Трошоци за осигурување __________МКД.
Трошоци за испорака
За Скопје:За сите нарачки во вредност помеѓу 0 и 6000мкд се наплаќа износ од 100 мкд.Низ РМ > погледнете го ценовникот на www.brzapratka.com. .
Гаранција и поправки
Компанијата издава гаранција со сертификат за квалитет на производите. Овластени сервис центри се наведени на гаранцијата.
Гаранцијата не важи деколку има физичко оштетување на производот.
Враќање на купениот производ
Доколку не сте задоволни со производот од било каква причина и истиот сакате да го вратите, треба да го направите тоа во рок од 7 дена од набавката.Производот/производите мораат да бидат спакувани во оригинални пакувања, неискористени и неповредени. Со вратениот производ мора да се приложи фискална сметка или фактура. Производот не може да се врати доколку не е спакуван во оригиналната амбалажа или истата е оштетена.Враќање на производот не е можно за артикли набавени со посебно барање на клиентот.
Безбедност на личните податоци
ДИГИТАЛ ДАТА Д.О.О.Е.Л се обврзува на безбедно чување на вашите лични податоци во секое време. Вашите податоци ќе бидат искористени само за нарачување и комуникациски цели помеѓу клиентот и ДИГИТАЛ ДАТА!
Содржина на страница
Ние се трудиме да добивате исклучиво точни и актуелни информации. Сепак не можеме да превземеме одговорност за евентуални грешки во текстови или слики.Сликите на производите се симболични и не секогаш ја прикажуваат фактичката состојба или боја, амбалажа, итн на производот.
Реклама
Ние не испраќаме спам пораки! Ние само ги известуваме нашите клиенти кои за новитети кои ја избраа опцијата "Би сакал да бидам известен" при регистрацијата на нашата web страна.
ДИГИТАЛ ДАТА Ви нуди голем број на производи од најреномирани брендови,по поволни цени и брза испорака. Воедно стоиме 24 часа на ден на располагање купувачите. Употреба на софтверот на ДИГИТАЛ ДАТА е бесплатно. Корисникот на web страната на ДИГИТАЛ ДАТА има корисничко име и лозинка. Лозинка е тајна, позната само на корисникот. Корисникот е должен да обезбеди дека неговата лозинка ќе се користи само до него или од него овластен персонал.









